Модели

По национализирањето.

Во 1946 година компанијата Škoda била национализирана и во рамките на тогашната национално-економски и политички одредена работна позиција и било наложено производство на патнички возила. И покрај национализирањето, компанијата можела да обезбеди релативно добар стандард со моделите на возила како Spartak, Octavia и Felicia, којшто сепак при крајот на шеесеттите години не можел сосема да го следи брзиот технолошки развој на западниот свет.

1939 - 1945 - Погоните на Херман Геринг.

Акционерското друштво од автомобилската индустрија Škoda (скратено ASAP) беше составен дел од германските фабрики Херман Геринг и мораше целосно да се ориентира кон производтсвото за воени цели. Покрај производството на поединечни делови од оружје за време на Втората светска војна, во Mlada Boleslav главно се монтираа различни видови на воени возила тип 82, како и тешки влечни возила.

1930 - По економската криза.

Во 1930 година производството на автомобилите во рамките на концернот Škoda повторно премина во самостојно акционерско друштво од автомобилската индустрија (скратено ASAP). По завршувањето на економската криза, компанијата одново се проби на пазарот со типот на возило Popular.

1925 - Спојувањето со Škoda.

Во дваесеттите години се изврши спојување со еден силен индустриски партнер, за да може да се докаже на пазарот и за да може да се модернизира производството, коешто тогаш опфаќање многубројни типови на патнички и товарни возила, автобуси, мотори за авиони и земјоделски машини. Во 1925 година компанијата се фузираше со погоните на Škoda од Пилсен, со што се означи и крајот на марката Laurin & Klement.

1907 - Акционерското друштво.

Производството го зголеми обемот и наскоро ги премина рамките на една семејна компанија, така што во 1907 година основачите на фирмата иницираа преминување во акционерско друштво. Интернационалниот карактер добиваше на значење како во странство, така и внатре во земјата. Фабриката се доградуваше и во 1914 година се приклучи кон производството за воени цели.

1905 - Првите автомобили.

По првите обиди на почетокот на минатиот век, во 1905 година успеа конструирањето на автомобилите. Првиот, Voiturette A, доживеа успех во продажбата и стана поим за чешкиот автомобилски класичар. На фабриките Laurin & Klement тоа им обезбеди стабилна позиција на интернационалниот пазар за моторни возила што беше во подем.

1895 - Од велосипед до мотор.

Во седмицата пред Божиќ 1895 година, механичарот Vaclav Laurin и книжарот Vaclav Klement го започнаа производството на велосипеди во Mlada Boleslav (Чешка). Во тогашната атмосфера на последните години од 19. век, со изразито истакнат национален дух, тие беа наречени "Slavia". Само неколку години подоцна, 1899, фирмата Laurin & Klement започна со производство на мотори.

Патување низ времето на Škoda.

Историјата на Škoda, на третиот по старост производител на автомобили во светот, е длабоко трогателна и полна со исклучителни промени. Дојдете со нас и придружете ни се во патувањето низ времето, коешто трае веќе преку 100 години и содржи во себе многу интересни моменти.